Американската прва дама, Меланија Трамп ги претстави божиќните декорации во Белата куќа на тема „американско богатство“, кои ги смислила самата.
Дел од празничниот декор е и елката висока 5,5 метри. Елката е украсена со сини траки со златни детали на кои има извезени имиња на сите соединети држави.
Меланија Трамп на социјалните мрежи објавила видео-снимка на која се гледа како се движи помеѓу празничните декорации, кои ги краси и слоганот на нејзината хуманитарна кампања „Биди најдобар“ во корист на децата.