Италија е една од најубавите земји кои можете да ги посетите во Европа. Освен познатите градови како Милано, Венеција, Рим и Верона, Италија изобилува со други прекрасни, но помалку познати градови. Ова се три градови во Италија кои треба да ги посетите барем еднаш во животот.
Бергамо
Се наоѓа во Ломбардија, веднаш до Милано, а има две седишта. Ciatta alta (Горниот град), каде што можете да видите многу интересни места, како што Citadela, Piaca Vekia, palate Palaco dela Ragione, Palaco Nuevo, базилика Санта Марија Маџора и многу други знаменитости.
Во Cita Brasi, која е модерното седиште на Бергамо, можете да ја посетите галеријата Pinakoteka del Akademia и галеријата на модерната уметност Galeria d arte moderna. Во овој град се родени многу реномирани музичари: Гаетано Донизети, Пјетро Локатели, Антонио Лоли…
Ферара
Се наоѓа во северна Италија и е седиште на земјоделската област. Градот, кој бил изграден во 7 век п.н.е., е пример за ренесансното градско уредување, поради што е на списокот на светското наследство на УНЕСКО. Местата кои можете да ги посетите во овој град се замокот на семејството Дест, Градското собрание, универзитетот (на кој студирале Никола Коперник и Парацелуз), ботаничката градина…
Лука
Се работи за мал град во Тоскана, основан од Етрурците. Најпознат е по своите сочувани ренесансни градски ѕидини. Градот изобилува со бројни базилики, од кои некои се изградени во 8 век. Во овој мал град можете да ги посетите Piace del Amfiteatro, Piacale Verdi, катедралата на Свети Мартин.