Категории

Икони на стилот: Британки кои засекогаш го променија лицето на модата!

Во морето на секогаш променливи трендови и „инфлуенсери“, некои икони остануваат секогаш во мода.

Сите ги знаеме Наоми, Кејт и Адел, но време е да се потсетиме на сите жени со потекло од Англија, кои со својот смел стил и појава, засекогаш направија огромно влијание врз модниот свет кај жените ширум светот.

Погледнете ја целосната листа!

Твиги

Таа е првата британска икона од шеесеттите години на дваесеттиот век, Твиги го променила изгледот на манекенките засекогаш. На почетокот на шеесеттите години почнала потрагата по ново и свежо лице кое би ги претставувало промените во културната клима на тој период и Твиги, со својата слаба фигура и кратка коса била идеалниот кандидат.

Принцезата Дајана

Пред Меган Маркл, принцезата Дајана била таа која прва го менувала и го модернизирала имиџот на кралското семејство. Таа бестрашно ги кршела правилата на однесување, облекување и обичаи – сигурно и била потребна поголема храброст да се разведе од принцот Чарлс, отколку да облече здолниште над колена.

Дајана дваесет години била во центарот на вниманието на светските медиуми, до својата прерана смрт 1997. година во сообраќајна несреќа, но засекогаш ќе остане запаметена како жена која не се двоумела да ги крши правилата.

Кара Делевињ

Од манекенките кои спаѓаат во помладата генерација, Кара во текот на изминатите десет години се вброила во влијателните дами во модниот свет како модна икона. Нејзиниот арогантен и шик став, заедно со познатите дебели веѓи, и го обезбедиле местото на оваа листа.

Џејн Биркин

Џејн се вбројува во една од појавите од шеесеттите години за која никој точно не знае кое било нејзиното занимање (манекенка, пејачка актерка?), но нејзиниот аварганден и секси стил секако ја размрдал конзервативната публика од шеесеттите.

Влијанието на Џејн и понатаму е видливо. Младите генерации и ден денес се воодушевуваат на најзиниот шик имиџ и убавина, а една од најскапите чанти на светот е наречена токму по неа.

Шаде

Шаде била и останала пример за елеганција и стил, од врвот на својата популарност на крајот на осумдесеттите и раните деведесетти, до денес.

Спотовите за нејзините песни како „Smooth operator“ и „Sweetest taboo“ и ден денес можат да служат како инспирација за модни комбинации, особено имајќи в предвид колку трендови од тој период се вражаат во мода.

Кејт Мос

Заедно со својата колешка и другарка, Наоми Кемпбел, Кејт Мос доминирала на модните часописи и писти во деведесеттите години, додека слично како и Твиги пред неа, во модниот свет го вратила стандардот на слаби, коскести манекенки.

И покрај својот проблематичен приватен живот, Кејт и ден денес се наоѓа на листата најдобро облечени познати личности.

Адел

Во мноштвото речиси идентични „направени“ изведувачки, Адел се појави да ја потсети публиката што е вистински талент – жената која умее да пее и самата да ги пишува своите песни, а покрај тоа и нејзиниот имиџ инспириран од шеесеттите години, заедно со полната фигура која никогаш не се обиде да ја промени, се доказ дека вреди да се биде поинаков.

Викторија Бекам

Додека гледате слики од разни фази од животот на Викторија Бекам, имате впечаток дека гледате повеќе различни жени – од нејзиниот секси имиџ додека беше „Спајсица“, преку кратката коса до суптилниот и елегантен стил инспириран од Џеки Кенеди денес, Викторија била и остана модна икона.

Наоми Кемпбел

Наоми во текот на триесетте години кариера прерасна во толку значајна модна икона што самото спомнување на нејзиното име, луѓето ширум светот ги асоцира на врвна манекенка, какво што и всушност Наоми е.

Нејзините пози пред камерата, и секако познатото движење по пистата кое потсетува на пантер кој оди по својот плен, го промениле лицето на модата и убедиле многу уредници на светските магазини и дизајнери да ги отфрлат предрасудите и да ја постават неа за водечка манекенка без разлика на бојата на кожата.