Категории

Знаете ли каде се наоѓа најшарената улица во светот? (ФОТО)

Најубавата, најшарената улица која ќе ја видите се наоѓа во квартот Ла Бока во Буенос Аирес и се вика Ел Каминито. Тука ќе видите голем број улични продавачи кои продаваат најневеројатни работи, домашни уметници кои цртаат, пејат и играат сред пат.

Всушност, оваа улица ги краде срцата на туристите, па поради совршените мурали се смета за уметничко дело.

Порано овој крај бил кварт за сиромашни. Во него живееле сиромашни работници кои работеле на бродоградилиштата. Сакале да имаат убав поглед на својот крај и затоа го искречиле на овој начин. Кречеле во најразлични бои бидејќи така им било најевтино.

Прегледи:
473
Објавено на:
04.12.2018