Категории

Без глутен: Тесто за пица од сладок компир (РЕЦЕПТ)

Пицата може да биде и здрав оброк! Денес ви ја претставуваме пицата од сладок компир. Тестото без глутен е полно со хранливи материи и протеини, наместо празни калории.

Состојки:

  • 2 шолји печен сладок компир
  • 1 јајце (за веганската верзија: 1 лажичка ленено семе + 2 лажички вода)
  • 1 шолја бадемово брашно
  • 1/4 чаша интергрално брашно
  • 1 лажичка маслиново масло
  • 1 лажичка бел вински оцет
  • 1 лажичка оригано
  • 1/4 лажичка сол

Подготовка: 

  1. Подгответе го слаткиот компир. Ставете го целиот компир во загреана рерна на 210 ° C во траење од еден час или додека потполно не омекне.
  2. Извадете го од рерната и оставете го да се олади. Потребни ви се 2 шолји пире од компир.
  3. Додадете го слаткиот компир во поголем сад и мешајте со миксерот додека не добиете хомогена смеса.
  4. Додадете ги сите останати состојки и добро мешајте.
  5. Рерната загрејте ја на 220 ° C.
  6. Покријте го садот со хартија за печење. Од оваа смеса може да направите голема или 4 помали пици (половина чаша тесто за една пица) од целата маса.
  7. Разделете го тестото со прсти и повторно покријте го со хартија за печење.
  8. Тестото ставете го во рерна со времетраење од 30 миинути.
  9. Потоа извадете го, додадете доматен сос, сирење, салама и останатите состојки по желба и вратете го тестото во рерна уште 15 минути.