Се ближи настанот за кој верувам дека сите го очекуваме со нетрпение! Само неколку дена не’ делат од најголемиот базар на ракотворби во Македонија организиран од страна на Creative Macedonia!
Затоа, бидете дел од него на 8ми декември во хотел Континентал, каде ќе ве пречекаат над 80 ракотворци кои ќе ги изложат своите изработки и преку нив ќе се обидат да ви ја пренесат нивната животна приказна, инспирацијата и љубовта кон рачната изработка.
Нека овој базар ви биде синоним за квалитетно дружење со вашите најсакани и почеток на предновогодишната еуфорија, затоа што овој базар нуди и богат репертоар на активности кои ќе чукаат во ритамот на креативноста. Во продолжение може да ја погледнете програмата:
12:00- Магично шоу
13:00- Arthur Christmas
15:00- Школа за гитара Бојковски
17:00- Детска претстава “Дедо Мраз кај Црвенкапа”
18:00- Школски бенд на СУГС Раде Јовчевски- Корчагин
19:00- Рецитал на англиски и француски јазик
Не дозволувајте другите да ви прераскажуваат, туку бидете и вие дел од нашето патување!
Бидете и вие дел од овој базар!