Категории

Ова е најубавото племе на светот: Телото го премачкуваат со кал и никогаш не се бањаат

Племето Химба е населено во близина на градот Опуа, во северна Намибија. Племето брои околу 50.000 луѓе, а претставуваат културолошки диверзитет, бидејќи живеат на номадски начин.

Патријалхални се и веруваат во еден Бог – Мукуру, а склони се и кон полигамија. Нивниот социјален статус се одредува според висината на добитокот што го поседуваат.

Она што ги издвојува е особеноста на нивниот физички изглед. Имено, овој народ се смета за најубаво афричко племе. Телото го премачкуваат со кал да се заштитат од сонцето. Косата и телото го премачкуваат со мешавина од путер и пигмент на окер, добивајќи црвеникава нијанса, која ја претставува земјата и плодноста.

Тие не се бањаат, туку користат ароматични растенија и смоли. Фризурата е многу важна за членовите на племето Химба, бидејќи укажува на возраста, социјалниот и брачниот статус.

Прегледи:
868
Објавено на:
19.12.2018