Категории

Зошто имаме преференции кон одреден вид на музика?

Секој има посебна песна која ја слуша секој ден. Често се случува и нашите најдобри пријатели да ја сакаат истата песна, бидејќи луѓето имаат тенденција да бидат опкружени со луѓе со слични интереси. Според најновите истражувања, музичките преференции се засноваат на културното образование и искуството на луѓето.

Западните култури претпочитуваат одредена комбинација на ноти, или на пример C и G акорди. Тие, исто така, не сакаат дисонантни звуци, како што се акордите C и F#.

Научниците добија сосема различни резултати кога го испитуваа амазонското племе, кое никогаш не било во контакт со западната култура. Кога им пуштаа неколку различни видови на музика, тие не ги сакаа ни кононантните ни дисонантните ноти.

Научниците заклучуваат дека нашите музички преференци не се вродени, туку се формираат како резултат на изложеност. Со други зборови, имаме тенденција да го сакаме звукот со кој растевме. Културата, а не биологијата, на крајот го одредува нашиот музички вкус.