Категории

Луксембург е првата земја каде што јавниот превоз ќе биде бесплатен

Приоритет на владата во Луксембург е зачувување на животната средина и да се стави крај на некои од најголемите сообраќајни застои. За таа цел, Луксембург ќе стане првата земја во светот која ќе го направи целиот јавен превоз бесплатен.

Цените на возовите, трамваите и автобусите ќе бидат укинати следното лето, според плановите на  коалиционата влада предводена од Ксавиер Бетел, кој во средата положи заклетва за втор мандат како премиер. Бетел, чија Демократска партија ќе формира влада со левичарската Социјалистичка работничка партија и Зелените, вети дека ќе даде приоритет на животната средина за време на неодамнешната изборна кампања. Освен заложувањето за транспорт, новата влада, исто така, размислува за легализирање на канабисот и за воведување на два нови државни празници.

Луксембург кој страда од некои од најлошите сообраќајни застои во светот е дом на околу 110.000 луѓе, но уште 400.000 патуваат во градот бидејќи работат во него. Една студија покажала дека возачите во главниот град потрошиле во просек 33 часа во сообраќајниот метеж во 2016 година. Иако во целата земја има 600.000 жители, речиси 200.000 луѓе кои живеат во Франција, Белгија и Германија секојдневно ја преминуваат границата бидејќи работат во Луксембург.

Луксембург сé повеќе покажува прогресивен однос кон транспортот. Ова лето, владата донесе бесплатен превоз за секое дете и млад човек на возраст под 20 години. Средношколците можат да користат бесплатни билети од училиште до дома.