На 16. декември со почеток во 10 часот во СЦ Борис Трајковски ќе се одржи специјалната олимпијада за лица со нетипичен развој.
Специјална олимпијада Македонија ве кани на турнир во кошарка, 3 х 3 и Мини басакет за лица со нетипичен развој. Турнирот се организира по повод Европска кошаркарска недела која веќе по 15-ти пат се одржува низ 35 земји во Европа.
Специјална Олимпијада Македонија е посветена на потикнување, развој и зајакнување на лицата со посебни потреби преку спорт и спортски активности за да станат продуктивни и почитувани членови на општеството. Преку својата програма промовира иницијативи во здравствената и јавната сфера како и социјална инклузија на лицата со посебни потреби.
Пријавените екипи, интензивно тренираат, поддржете ги и заеднички да навиваме, да ги бодриме баскетџиите и да се забавуваме! Линкот од настанот може да го погледнете ТУКА!