Категории

Нејзиното име е синоним за елеганција, но и скромност: Кралицата Ранија е вистински пример, погледнете зошто!

На престижното доделување на награди на Arab Social Media, манифестација во Дубаи, на јорданската кралица Ранија и е врачена наградата за Највлијателна личност на годината, а со својата појава уште еднаш ги воодушевила сите. Кралицата Ранија без исклучок за крајот на годината ги подготвила нејзините најсофистицирани изданија.

На престижниот настан, харизматичната бринета искомбинирала свечени материјали со различни текстури и на тој начин претставила инспиративно издание за претстојните празници.

Тесната блуза од плиш во „V“ израз, ја искомбинирала со плисирано здолниште во миди должина. Комбинацијата ја надополнила со ефектен металик каиш и салонки на Диор и на тој начин стајлингот го подигнала на елегантно ниво.

Изборот на бојата, смарагдно зелено од глава до пети, не е случаен, бидејќи одлично се совпаѓа со нејзиниот тен и костенливата брановидна коса.

Нејзиниот избор и овој пат е за секоја пофалба, а посебно поради фактот дека облечена е во еден „street“ брендво вредност од помалку од 100 долари, што е уште еден доказ дека добрата комбинација не мора да биде скапа.

Прегледи:
505
Објавено на:
14.12.2018