Категории

Модерната ера создаде нова фобија. Знаете ли што е номофобија?

Ве облива ладна пот, тремор и неконтролирана грижа дека ќе пропуштите телефонски повик, бидејќи го оставивте мобилниот телефон дома? Најверојатно страдате од номофобија.

Номофобија е понова фобија, една од 250 веќе познати фобии. Се манифестира со анксиозност која е најчесто резултат на сопствено драматично искуство. Овој драматичен настан се случува во мозокот, но понекогаш се манифестира и физички.

Луѓето кои страдаат од номофобија покажуваат физички и психолошки симптоми кога го немаат мобилниот телефон при рака, или кога се плашат дека ќе им се истроши батеријата, поради што телефонот ќе се изгасне. Номофобија, етимолошки, потекнува од фразата “нема мобилен”.

Според анкета спроведена во Велика Британија, дури 66% од луѓето се плашат од помислата дека би можеле да ги загубат своите мобилни телефони. 41% од корисниците на мобилните телефони имаат два или повеќе мобилни телефони дома, “за секој случај”, а просечниот корисник 34 пати на ден го проверува телефонот дали работи.

Симптомите на споменатите номофобии можат да бидат прилично непријатни: убрзување на пулсот, болки во коските, болки во грлото, мачнина, треска и тешко дишење, слично како и кај класичните напади на паника. Оваа фобија почесто ги погодува жените отколку мажите, но мажите почесто поседуваат две или повеќе мобилни телефони. Треба да се напомене дека од своите мобилни телефони најтешко се раздвојуваат младите луѓе до возраст од 24 години.

Прегледи:
589
Објавено на:
15.12.2018