Категории

Сите би требало да пишуваат, бидејќи пишувањето нè прави помудри

Сите би требало да пишуваат, не само новинарите и писателите. Не треба да бидете професионален пејач за да пеете, истото важи и за пишувањето, кое ни носи значајни придобивки, еве зошто.

Од сите креативни начини на изразување, пишувањето најмногу придонесува за способноста за критичкото размислување, со други зборови, пишувањето нè прави попаметни. Пишувањето ни помага да го средиме хаосот во главата, што е можеби една од најдобрите придобивки на пишувањето. Со тоа ги организираме нашите мисли, ни овозможува да размислуваме за сè, да добиеме нови сознанија и нови перспективи. Кога пишуваме, размислуваме длабоко, што ни помага да ги видиме работите појасно.

Кога пишуваме, ние, не само што ги гледаме работите појасно, туку подобро ги разбираме информациите кои ги добиваме кога ги запишуваме. Ова објаснува зошто учениците и студентите, кои земаат забелешки, учат повеќе од оние кои само слушаат и не пишуваат ништо. Пишувањето ни помага да ги процесираме нашите негативни чувства и да ја подобриме нашата емоционална интелигенција. Со други зборови, пишувањето нé прави емоционално интелигентни и способни да се соочиме со непријатните ситуации.

Прегледи:
445
Објавено на:
16.12.2018