Земјата на магичните зачини се наоѓа во јужниот дел на Азија, а по површина го покрива поголемиот дел од Индискиот полуконтинет. Таа е втората најгусто населена земја во светот, со повеќе од милијарда жители кои говорат преку стотина јазици.
Поради својата положба и големина Индија нуди неизмерно богатство на културни различности, што секако се одразило и на начинот на приготвување на храната. Многу од зачините кои потекнуваат од Индија се наоѓаат и на полиците во нашите кујни. Индиските специјалитети се богати со ароми, вкусови и мириси и спротивно од верувањата – не се сите лути. Главни индиски зачини се: ким, пипер, црвен и зелен чили, коријандер, цимет, куркума, ловоров лист, шафран и други. При подготовката на храната во комбинација со зачините тие користат и ароматичен зеленчук како лук, кромид и ѓумбир. Сепак, заштитен знак на Индија е кари кој во себе содржи преку триесет различни зачини.
Оваа далечна земја можеби не сте ја посетиле досега, но тоа не е причина да не ја почувствувате магијата од вкусови која доаѓа од индиската кујна близу до вас. Скопје неодамна се збогати со автентичен индиски ресторан кој буквално го пренесува вкусот на Индија во нашиот град. Karma- Indian Kitchen & Bar е местото каде што може да уживате во традиционалните специјалитети, збогатени со зачини, пријатна атмосфера и врвна услуга. Ресторан кој откако ќе го посетите со сигурност ќе стане едно од вашите омилени локали во Скопје за вас и за вашите најблиски. Почувствувајте една поразлична култура, неверојатна симбиоза на вкусови, храна која предизвикува задоволство, среќа и добро расположение.
View this post on Instagram
Karma- Indian Kitchen & Bar нуди поинаква храна создадена со многу љубов и внимание. Индија нуди изобилство од вкусови, па токму поради тоа менито на овој ресторан е разновидно, каде што секој ќе може да го пронајде своето омилено јадење.
View this post on Instagram
Изострете ги своите сетила, опуштете се и уживајте со аромите на Karma- Indian Kitchen & Bar бидејќи среќните емоции и љубовта кон храната започнува тука!
View this post on Instagram