Категории

Како да ги користите зачините за готвење на вкусни јадења?

Кулинарството не може да се замисли без зачини. Освен вонредната арома, тие го подобруваат вкусот на храната, без додавање на масти, сол и шеќер. Исто така, влијаат на подобрувањето на имунитетот и забрзувањето на метаболизмот.


Анис: Најдобриот вид доаѓа од Шпанија. Анис е неопходен за колачи, а исто така се користи и за правење ликери.
Магдонос:  содржи витамини А и Ц, фолна киселина, калциум и железо. Лисјата се користат како додаток во омлети, сирење, смокви, салати.
Естрагон: зачин чии лисја се користат за маринирање, како зачин за супа и колачи.
Босилек: има силен мирис кога е свеж. Босилек е традиционален додаток во многу италијански специјалитети, а се додава и во јадења со домати и јагнешко месо.
Мајчина душица: се додава во месо, печурки, тиквички, печено месо, зеленчук и маринади.
Мајоран: зачин за месо, особено мелено месо.
Жалфија: горчлив и силен мирис. Оди совршено со мелено месо, дивеч, зелка, модар патлиџан и ориз.

Ванила: се додава во десерти, добра е за зголемување на апетитот, како и против мачнина, повраќање и дијареа.
Бибер: Белиот (излупен) бипер е поблаг од црниот. Се користи за бројни јадења со месо и риба, сосови, супи и јадења со зеленчук.
Коријандер: зачин со силен вкус кој добро оди со грејпфрут.
Ѓумбир: се додава во супи, сосови и џемови, како и слатки јадења.