Категории

Четири најголеми опасности за пријателството

Не секое пријателство успева, а ова се четирите најголеми опасности за пријателство.

Здодевност: Ниту едно пријателство не може да издржи здодевност. Ако пријателите немаат повеќе што да си кажат, ако се навикнати едни на други и повеќе не се отворени за нешто ново, тогаш пријателство полека умира. Здодевноста настапува кога се губи имагинацијата и креативноста во односот.

Презафатеност: Луѓето кои цело време работат немаат време за пријателство. Тие луѓе не се способни да одржуваат пријателски односи и често немаат пријатели. Најдобрите пријатели не се само оние личности кои се успешни, туку и оние кои се борат и соочуваат со нивните проблеми, кои се свесни за своите слабости. Пријателството бара меѓусебна зависност.

Недостатокот на пријатели. Кога само едниот пријател му се дава на другиот како асистент, терапевт, како некој што дава, но не прима, пријателството може да се уништи. Важно е взаемното вложување на труд.

Изобилството на добрината го ослабува пријателството, не го зајакнува. Постојат пријатели кои своите пријатели постојано ги преполнуваат со подароци. Ова создава чувство на купување на пријатели. Пријателството бара баланс, еднаквост – ако го нема овој баланс, пријателството станува загрозено.