Овој фит колач е едноставен, брз и неверојатно вкусен. Со оглед дека секое готвење е со цел, овoj рецепт e за оние кои внимаваат на својата линија, токму заради нутритивните вредности.
Состојки:
100 gr Овесни снегулки или брашно
1 dcl кокосово млеко
200 gr јогурт со ниска масленост
2+1 јајца
500 gr посно сирење
300 gr шумско овошје (одмрзнато)
Пола кесичка прелив за торти (или желатин)
Пола лажичка прашок за пециво
Сируп од чоколадо или стевиа
Малку сол
ПОДГОТОВКА:
ПОДЛОГА
Го ставаме овесот во брашното и го мешаме со едно разматено јајце. Потоа додаваме 1 лажица кокосово масло, кокосово млеко, прашок за пециво, малку Сируп од чоколадо или стевиа и малку вода ако е потребно и мешаме додека оваа смеса не се соедини. Префрлете ја мешавината во садот за печење на хартија за печење и печете во рерна 15 до 20 минути на 180 степени додека не се стврдне и не се одделат рабовите.
КРЕМ Јогурт, 2 јајца, сирење, протеин и малку Сируп од чоколадо или стевиа се мешаат со миксер додека не се обединат сите состојки. Готовиот крем го размачкуваме на бисквитот, и го ставаме во рерна на 170 степени 25-30 мин.
Отстранете ја тортата од рерната и оставете ја да се олади, а потоа додајте ги шумските плодови.
Оставете ја тортата во фрижидер преку ноќ.
Исечете ја на 10 еднакви коцки. Препорачани се две коцки на еден оброк.
Нутритивна вредност на цела торта:
Протеини: 153 гр
Масти: 70 гр
Јаглехидрати: 122 g
Нутритивна вредност на 1 коцка:
Протеини: 15,3 g
Масти: 7 g
Јаглехидрати: 12,2 g