Во 2016 и 2017 година бевме сведоци на неверојатни фотографии создадени на најразлични предели во светот, а 2018 исто така не е исклучок. Жирито на „Travel Photographer of the Year“ (TPOTY) ги објави своите победници кои преку своите дела совршено ја портретираат прекрасната разноликост на нашиот живописен свет.
Фотографи од 142 земји доставија повеќе од 20.000 фотографии на натпреварот, но само една ја освои главната награда. Стефано Пенсоти беше прогласен за фотограф на годината за своето прекрасно портфолио од осум фотографии, прикажувајќи ги обичните граѓани на неколку различни континенти. Погледнете ги најдобрите фотографии.