Многу пати сме ги слушнале овие факти, што никогаш не ја доведувавме во прашање нивната точност. Но, исто така, многу работи во кои сме верувале биле погрешни. Ова се популарните заблуди во кои верувавме цел живот, а кои на крајот се покажаа како целосно неосновани.
-Нинџите не носеле само црни костуми. Тие носеле сé што би им овозможило да се вклопат во масата и да ја исполнат својата мисија.
-Робовите не ги граделе египетските пирамиди. Тоа била престижна работа само за искусни и доверливи работници.
-Косата и ноктите не продолжуваат да растат по смртта. Тие само изгледаат подолго, поради контракција на кожата.
-Гајдата не била измислена во Шкотска. Овој инструмент бил вообичаени на Блискиот Исток повеќе од илјада години пред да дојде во Европа.
-Биковите не реагираат негативно на црвена боја. Она што им создава чувство на закана е движењето на ткаенината пред нив.
-Викинзите не носеле кациги со рогови. Се претпоставува дека овој мит настанал во 19 век, откако биле забележани такви шлемови во оперите на Рихард Вагнер, кои делумно биле инспирирани од нордиските легенди.
-Наполеон не бил низок за своето време. Со 168 сантиметри бил дури и над просекот на француските мажи од тоа време.
-Кинескиот ѕид не може да се види од вселената. Ниту една човечка градба не може да се види од вселената, но можно е да се види осветлувањето на големите градови ноќе.