Произведувачот на куклата Барби, компанијата Мател и филмското студио Ворнер Брос, во вторникот ја известија пошироката јавност за соработката во снимањето на филмот во кој главна улога има австралиската актерка, но и копродуцентка на филмот Марго Роби.
Во соопштението не се наведуваат називот, датумот на почетокот на снимањето на филмот за куклата која оваа година полни 60 години.
Марго Роби, која во 2017. беше номинирана за Оскар наградата за улогата во филмот „Јас, Тоња“ изјавила дека се надева дека новиот филм позитивно ќе влијае врз децата и воопшто на публиката ширум светот.
View this post on Instagram
„Барби им овозможи на момчињата и девојчињата да се замислат во различни улоги: од принцези до претседатели на држави“, изјавила Марго.
Од 1959. куклата Барби се појавила во повеќе од 200 професии, меѓу кои и астронаут, учител или роботски инженер.
View this post on Instagram
Благодарение на успешната реклама, Барби стана најпопуларната играчка меѓу девојчињата, а со текот на годинигте стана и културна икона во САД. Во 1974. година дел од Тајмс Сквер во Њујорк е преименуван во Барби Булевар, а во 1985. година Енди Ворхол го насликал портретот на Барби.