Оваа година, по 7-ми пат ќе се прославува манифестацијата„РОДЕНДЕН на уметноста“, со голем настан во МКЦ. Изложби, промоција на книга, поетски перформанс, концерти, филмска ревија и многу награди.
Оваа манифестација ќе започне во 18 часот и ќе трае до 3 часот по полноќ! Влезот е слободен!
Ова е репертоарот во кој може да уживате:
18:00 Изложба на Максим Цветановски и Детска Работилница за Пластелин
Изложба на спектакуларни фигури од пластелин, изработени од 9-годишниот гениј Максим Цветановски и работилница за деца со нашиот child whisperer Dorotej Neshovski од 18 ч. во Детскиот креативен центар при МКЦ.
18:00 Бесплатен филмски маратон
Љубовна филмска ревија во Џебно кино на која ќе можете да се потсетите на некои ремек дела на кинематографијата со емотикон срце.
Call Me by Your Name (2017) | 132′
режија: Luca Guadagnino
Song to Song (2017) | 129′
режија: Terrence Malick
Lost in Translation (2003) | 102′
режија: Sofia Coppola
Casablanca (1942) | 102′
режија: Michael Curtiz
20:00 // Музеј на раскинати врски
Отворање на изложбата од Музејот на раскинати врски кој по 11 години повторно доаѓа пред македонската публика. Ќе можете да ѕирнете во интимата на луѓе од разни краеви на светот, кои одлучиле да се збогуваат со својата поранешна љубов, ослободувајќи се и од некој предмет кој што силно ги потсетува на неа.
20:30 // Бифе
Отворање на изложбата на Сашо Димоски
20:30 // Промоција на „Радио“ од Љупчо Јолевски
Промоција на книгата „Радио“ на Ljupco Jolevski, еден од бардовите на македонското новинарство ќе се случи во сала Фросина. Ова импозантно дело кое брои повеќе од 700 страници, ги интегрира во најголем дел интервјуата кои што авторот ги остварил со врвни имиња од македонската културна сцена во последните 5 години направени за Радио Слободна Европа.
21:30 // Сала 25 Мај
Концерти на нашите Matej Foltz, Pluto’s Doubts, JUNE (ЏУН) како и одличните Igralom од Србија
22:00 // Горно фоаје
Поетски перформанс со млади и не толку млади поети и поетеси Песнило 2019: Литература на вриење
23:00 // Бифе
Музика за раскинување, или слатко горчлива сонична романса со опасниот диџеј пар – Violeta Kachakova & Mirko Popov