Категории

Музиката на Галоски поддржана од суперстар диџеите Дејвид Гета и Ники Ромеро!

Не стивнуваат позитивните реакции за музиката на нашиот најистакнат диџеј со светска кариера, диџеј Галоски. Последниот музички новитет е дека една од најголемите глобални музички ѕвезди Дејвид Гета го поддржа неговото најново издание насловено како ‘Shake It Down’.

Темата е во соработка со српскиот продуцент Ra5tik и официјално излегува на 15ти февруари преку италианската издавачка куќа Art & Music Recordings. Ова не е првпат име од калиброт на Дејвид Гета да го поддржи нашиот диџеј и продуцент, но е поттврда за големината на нашиот артист. Следната недела веќе е најавена и премиера во радио емисијата на холандскиот супер-стар диџеј и продуцент Ники Ромеро. Инаку ‘Shake it Down’ e првото издание од веќе најавените изданија за 2019та на Галоски, следно издание е на издавачката куќа на Армин ван Бјурен – Армада Мјузик.

Галоски последниве неколку години важи за еден од најистакнатите музирачи од земјава и е именуван како едно од најбрзо растечките диџејски имиња од Југо-источна Европа, само минатата година имаше настапи во повеќе од 25 земји ширум светот, вклучувајќи и настап на реномираниот светски Ултра Мјузик фестивал во Сингапур.

Прегледи:
751
Објавено на:
21.01.2019