Категории

Пригответе го најпопуларниот оброк за изминатата година: Бурито со грав! (РЕЦЕПТ)

Верувале или не, буритото од пржен грав е официјално најпопуларниот оброк за 2018. година. Ви го претставуваме рецептот кој ќе ве увери зошто ја носи токму ова јадење ласкавата титула!

Состојки:

  • половина главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 1 лажичка масло
  • 500 г грав од конзерва
  • 1 лажичка чили (по желба)
  • 120 г чедар сирење исечкано на коцки
  • 300 г зелена пиперка
  • 1-2 прстофат сол
  • 6 тортиљи и додатоци по избор (рендан кашкавал, сечкан домат, салса сос…)

Подготовка:

Загрејте масло во тавче средна големина, па додадете ги исечканиот кромид и пржите околу 3-4 минути на умерена температура. Мешајте повремено, сѐ додека кромидот не стане проѕирен. Додадете изгмечен лук и пржете уште минута до две.

Додадете го гравот, помешајте и пржете додека гравот не фати тенка кора. зачинете со чили, додадете чедар, измешајте и динстајте уште 3-4 минути на умерена температура. Потоа, додадете исечкана пиперка, посолете по вкус и мешајте, нека крчка уште неколку минути.

Ако користите готови тортиљи, загрејте ги на рингла или во микробранова, па ставете 1-2 полни лажички од смесата на секоја. Одозгора ставете додаток по желба. Замотајте го буритото и уживајте во феноменалниот вкус на оброкот на годината!

Прегледи:
1246
Објавено на:
22.01.2019