Категории

Животни лекции на Мајка Тереза: Луѓето се себични и нелогични, сепак треба да им простиме!

Агнеса Гонџа Бојаџи е родена во 1910. година во Скопје. Потекнува од албанско-католичко семејство и преку 45 години му служела на Господ Бог помагајќи им на сиромашните и болните. Во 1979. година веќе била позната на светско ниво добивајќи ја Нобеловата награда за мир.

Починала во 1997. година, само неколку денови по нејзиниот 87 роденден, во Калкута, Индија, каде што била на уште една хуманитарна мисија. Иако од нејзината смрт се поминати 18 години, светот и денес ги памети нејзините зборови и животни принципи.

„Бог го сакал светот толку многу што му го подарил Синот и му ја подарил блажената Девица Марија и таа во тој момент во кој тој и го дал нејзиниот живот побрзала Нему да му даде друг.“

„Сиромашните се исклучителни луѓе и вреди да ги сакаме. Ним не им треба нашето сожалување, нашите симпатии, ним им треба нашата љубов која ги разбира. Ним им треба почитување и желба кон нив да се однесуваме со љубов и почитување. И чувствувам дека најголемата сиромаштија е тоа што ние учиме да разбираме дури тогаш кога нашите луѓе се веќе мртви.“

„Сакајте ги сиромавите и не им вртете грб, бидејќи ако им свртите грб, му вртите грб и на Исус. Тој се изгладнувал, бил гол и без дом за ние да имаме прилика да го сакаме.“

„Сакајте секогаш, сакајте до болка!“

„Не е важно колку работиш, важно е колку љубов внесуваш во она што го работиш и колку ги даруваш другите.“

„Секое дете е непроценливо вредно. Секое е Божјо чедо.“

„Најди време за насмевки, тоа е мелодијата на душата.“

„Осаменоста и чувството дека не си пожелен е најлошата сиромаштија.“

„Подраги ми се грешките направени во нежност и сочувство, отколку чудесните дела во нељубезност и грубост.“

„Најди време за молитва, тоа е најголемата сила на земјата.“

„Луѓето понекогаш се непресметливи, нелогични и себични. Сепак прости им!“

„Она што го градиш со години, некој може да го сруши за момент. Сепак гради!“

„Дај му го на светот најдоброто што го имаш, веројатно никогаш нема да биде доволно. Сепак дај му го на светот најдоброто што го имаш!“

„Ако си спокоен, мирен и среќен, луѓето може да бидат љубоморни. Сепак, чини добро!“