Почнавте да внимавате на својата исхрана и редовно да тренирате со цел да ги победите вишокот килограми. Но, и покрај вашиот труд што го вложувате сеуште не сте задоволни со својата линија.
Секако дека тоа не е причина да се откажете, ниту пак знак дека нешто правите погрешно… едноставно потребна ви е мала помош. Едно можно решение е суплементација во исхраната, бидејќи немаме доволно време, енергија или можности да го усогласиме секојдневниот живот со напорните тренинзи и планот на исхрана. Ако на почеток на годината имате зацртано дека до лето ќе ги победите вишокот килограми и масни наслаги, Polleo Sport експертите препорачуваат вашиот најдобар сојузник да биде Carni-X Liquid.
Природен генератор на енергија и најквалитетен fat burner
Carni-X Liquid 40 000 mg содржи 1000 mg Л-карнитинот од сервирање. Исто така, содржи и 225% препорачана дневна доза витамин C, кој придонесува за нормално функционирање на метаболизмот и претставува силен антиоксиданс.
Л-карнитинот е супстанца која се синтетизира во бубрезите и црниот дроб од лизин и метионин амино киселини и е состојка во процесот на производство на сосема природна биолошка енергија во телото. Имено, Л-карнитинот во телото ја има улогата на транспортер на масни киселини во митохондриите, што ѝ дава енергија на физиолошката функција.
Токму поради претходно споменатите карактеристики Л-карнитинот, се истакнува како најефикасен booster кој ќе ги подобри перформансите во вежбањето многу поефикасно од стандардните fat burners.
Освен како суплементација Л-карнитинот се внесува во телото и преку храната, главно со месо и млечни производи, и е природно присутен во нашето тело (95% во скелетните мускули), само во различни количини. Но, со сите фактори на секојдневниот живот, како што се стресот и стареењето, неговата количина и ефикасност се намалува при претворањето на мастите во енергетски залихи.
Улогата на L-carnitine во човечкото тело е толку единствена и од суштинско значење што ниеден друг суплемент не може да се замени со она што се нарекува “енергетско ракетно гориво”.
Со повеќе енергија и побрза потрошувачка на калории, L-карнитинот исто така е одговорен за заштита на мускулниот гликоген за време на вежбањето и напорните тренинзи. Ова овозможува поголемо искористување на масните наслаги како гориво за енергија.
На тој начин се трошат повеќе калории, истовремено спречувајќи го распаѓањето на мускулите. L-Carnitine, исто така, придонесува за забрзување на мускулното закрепнување и намалувањето на заморот, што може да биде голема помош во губење на тежината или дефиницијата.
Покрај намалувањето на заморот, го спречува формирањето на млечна киселина во мускулите и може да биде голема предност кога станува збор за диетата, бидејќи го зголемува аеробниот капацитет, така што ќе можете да согорувате повеќе калории.