Додека ние ја дочекуваме Новата година на полноќ помеѓу 31-ви декември и 1-ви јануари, Новата година за Кинезите е секоја година на различна дата. Оваа година, Кинезите 2019 ја дочекуваат на 4. февруари започнувајќи ја „годината на свињата“.
Свињата е дванаесеттиот или последниот знак на кинескиот хороскоп, а за време на нејзиното владеење, ни дава можности за добри и паметни инвестиции, општо подобрување на финансиите и севкупен успех во професионалниот домен на нашите животи.
До крајот на оваа година завршува големиот циклус, па затоа е многу важно да се завршат сите стари обврски и да се направат нови планови за иднината, бидејќи според кинескиот хороскоп следната година ќе биде полна со среќа, љубов и оптимизам, додека успехот ќе се почувствува во сите сфери во животот.
За таа цел, во најпознатиот кинески ресторан „Ѕвезден океан“ се организира дочек на Кинеската Нова Година. Менито изобилува со сите кинески специјалитети во неограничена количина. За оваа посебна ноќ ќе можете да уживате во различна храна по ваш вкус.
Според азиската астрологија, вашата година на раѓање и животното кое ве претставува го одредува вашиот карактер и судбина. Оваа табела ќе ви помогне да проверите кој е вашиот знак според кинескиот хороскоп: