Категории

Прирачник за сопруги од 1955. година: 5 неверојатни совети за среќен брачен живот!

Пред 64 години, поточно во 1955. година е создаден прирачникот за жени под називот „Домашна економија“. Овој прирачник, испечатен на подрачјето на поранешна Југославија, покажува каква била положбата на жената на овие простори пред 64 години и мора да признаеме дека во денешно време изгледа малку застрашувачки.

Пригответе ја вечерата навреме

Планирајте ја наутро или ден претходно за вашиот сопруг да го чека вкусен оброк кога ќе се врати од работа. Така ќе му дадете до знаење дека сте мислеле на него додека тој работел, но и дека се грижите за неговите потреби. Повеќето мажи се гладни кога ќе се вратат од работа, а приготвувањето на неговиот омилен оброк ќее ја исполни неговата потреба за топло добредојде.

Подгответе се за мажот

Одморете 15 минути пред неговото доаѓање дома бидејќи така ќе изгледате свежи кога ќе пристигне. Поправете ја шминката, ставете трака за коса и изгледајте свежо. Вашиот сопруг поминал многу време со луѓе и изморен е од работа. Неговиот ден бил здодевен и му треба малку забава, ваша должност е да се погрижите за тоа.

Намалете ја буката

Кога ќе се врати вашиот маж од работа, исклучете ги сите апарати и кажете им на децата да бидат потивки. Бидете среќни што го гледате. Насмејте му се топло и покажете искрена желба да ги задоволите неговите потреби.

Слушајте го

Иако можеби имате да му раскажете многу нешта, не го правете тоа непосредно по неговото доаѓање дома. Оставете го прв да проговори, сигурно има поважни нешта на ум.

Не му пречете

Не жалете се доколку вашиот маж дојде доцна навечер или ако сака да оди некаде без вас. Наместо приговарање обидете се да сфатите под колкав притисок е тој. Кога е дома, сигурно сака да се опушти и одмори. Не му поставувајте непотребни прашања и не се сомневајте во неговиот интегритет и неговата способност на проценување. Не заборавајте дека тој е господар на куќата и како таков секогаш ќе ја спроведува својата волја, чесно и праведно.

Прегледи:
459
Објавено на:
25.01.2019