Двете страни на Атлантскиот океан во прегратка се на остра зима која не попушта. Делови на САД до крајот на неделата ги зафатија исклучително ниски температури – дури до минус 53 степени.
Вонредна состојба е прогласена во Висконсин, Мичиген, Илионис, Алабами и Мисисипи. Националната служба за временска прогноза ситуацијата во Илионис ја прогласи за можна закана по животот на граѓните.
Погледнете ги фотографиите од вчерашниот ден во Чикаго на -35 степени кои се чувствувале како уште пониска температура до -50 степени.