Категории

Овие фотографии се доказ дека Бред Пит и Џенифер Анистон се повторно заедно!

Овој викенд холивудската ѕвезда Џенифер Анистон направила голема прослава по повод својот 50. роденден. Оваа приватна забава привлекла многу светски ѕвезди кои папарацит внимателно ги чекале пред познатиот ресторан во Западен Холивуд.

 

Додека многу од нив немале проблем да бидат фотографирани пред забавата, една личност посебно им привлекла внимание на насобраните фотографи и сите останати паднале во втор план.

Меѓу многубројното обезбедување, фотографи, во ресторан се обидел да помине незабележано и поранешниот сопруг на Џенифер Анистон. Меѓутоа, не успеал да им побегне на острите очи на папараците и фатен е како влегува на прославата.

Фотографиите на Бред Пит за краток период станале вирални и сите мислат дека нема сомнежи дека поранешните сопружници се смириле.

Покрај Бред, кој се обидувал да го скрие своето лице со качкет, на прославата присуствувале и Гвинет Платроу, Кети Пери, Орландо Блум, Барбара Стрејсенд, Кејт Хадсон, брачниот пар Клуни, Сандра Булок и многу други.

Џенифер на прославата пристигнала во елегантен црн комбинезон со голи раменици, покажувајќи ја својата совршена фигура.