Категории

Мажи, не постои недостижна девојка: Два најважни совети како да ја освоите!

Мажи, искористете ги овие совети и освојте ја девојката која отсекогаш ја посакувате!

Прво пријатели, па љубовници

Понекогаш пријателската зона се исплати, а во прилог на тоа одат и истражувањата на Универзитетот во Тексас кои откриваат дека најдобро е да ја запознаете девојката пред да ја прашате дали сака да излезете, бидејќи тоа ќе ве направи многу поатрактивни и симпатични за неа.

Во текот на студиите, се проценувал степенот на атрактивноста на паровите, кои почнале да излегуваат брзо по запознавањето. Но, паровите кои биле најпрво пријатели пред да станат љубовници имале поизразени и многу поразлични резултати во студијата.

Со други зборови, само неколку луѓе со просечен изглед можат да почнат да се забавуваат со симпатијата веднаш по запознавањето.

Но, обичното момче од соседството и секс бомба, сепак треба прво да се дружат неколку месеци пред да се обидат со романса.

Дозволете вашиот просечен изглед да го засенат вашите квалитети

Колку повеќе се запознавате, толку повеќе ќе и се допаднете, бидејќи ќе има прилика да ве запознае подобро и да и станете атрактивен (без обзир на просечниот изглед).

Во меѓувреме, останете во игра и набљудувајте и други девојки, бидејќи не сакате да се врзете и да чекате врска до која можеби нема ни да дојде.

Според студијата, ако поминале повеќе од 17 месеци, а заемната привлечност не се развила, можеби е време да продолжите понатаму.

Прегледи:
777
Објавено на:
15.02.2019