Сакате да знаете какво дете ќе имате? Дали тоа ќе биде машко или женско? Слушате безброј совети од постарите? Но, дали знаете дека крвниот притисок пред бременоста го одредува полот на бебето?
Тоа го заклучил канадскиот ендокринолог Др. Рави Ретнакаран. Во 2009 година ја започнал својата студија која опфатила 1411 жени во Кина. На жените им биле испитувани холестеролот, крвниот притисок, гликозата и триглицеридите. Испитувањата биле направени просечно 26.3 недели пред да забременат. На крајот се родиле 739 момчиња и 672 девојчиња.
Анализите покажале дека систолниот крвен притисок пред бременоста бил повисок кај жените кои родиле машки деца, односно просечно 106.0 mmHg споредено со просечно 103.3 mmHg за девојче. Според доктор Рави ова откритие сугерира дека крвниот притисок на жената пред бременоста е фактор кој е поврзан со полот на бебето кое ќе го роди. Резултатите се значајни, а понатамошните студии ќе откријат повеќе за ова сознание.