Категории

Пет потполно природни начини да ги затегнете своите гради

Градите се подложни на промени поради различни причини. Доколку забележите дека градите ви изгледаат поинаку и дека нивниот облик не ви се допаѓа како претходно, размислете за некое природно решение за нивни зацврстување.

Со помош на вистински методи и упорност, ќе ја вратите посакуваната форма и изглед на градите и повторно ќе бидете привлечни и за себе и за другите.

Студен туш

Ледено студеното туширање ќе ја поправи цврстината на вашите гради. Доколку ви е тешко да го правите тоа секојдневно, можете да се послужите и со коцки лед кои ќе ги топите од вашето деколте.

Не ги виткајте рамениците нанапред

Свитканите раменици не се добри ни за вас ниту за вашата кичма. Доколку имате навика да се виткате, тогаш и мускулите на вашите гради се речиси секогаш опуштени. Ова доведува до губење на цврстината и еластичноста со тек на време. Сѐ што треба да направите е да го исправите грбот и целокупниот изглед, како и цврстината на градите ќе се поправи.

Без притисок нема ни проблеми

Доколку сакате да спиете на стомак, тогаш им правите лоша услуга на вашите гради. Истото важи и доколку секогаш сакате да носите push up градници. Притисокот може да го поремети крвотокот во вашите гради и да ги направи чувствителни на болка.

Правилна поддршка кога вежбате

Сите знаеме дека спортот и вежбањето одлично делуваат на целото тело и нашето здравје. Напорното вежбање и поместувањето на градите може да биде лошо по вашите гради доколку не носите адекватна поддршка.

Заштитете ја кожата од сонце

Доколку не сакате градите да ви се опуштат и збрчкаат, користете крема за сончање секогаш кога излегувате на сонце. Сонцето многу лесно и брзо ја суши кожата и вашите гради бргу ќе ја изгубат еластичноста.