Категории

Блогерка тврди дека со паста за заби ги подигнала и затегнала градите, еве и како! (ВИДЕО)

Како што старееме, нашата кожа станува сѐ помалку еластична и потенка, а гравитацијата лесно ја повлекува. Сепак, годините не се единствен виновник за опуштени гради. Не помага ни бременоста, доењето, дебелеењето, како ни наглото слабеење во тој процес.

Која и да е причината, секоја жена сака да најде решение за овој проблем. Една блогерка тврди дека пронашла начин како да ги зацврсти градите. На својот ЈуТјуб канал блогерката под името “Naturalbeauty556” објавила видео во кое објаснува како за само шест денови успеала да ги зацврсти своите гради и тоа со користење на паста за заби!

Таа самата направила посебна смеса од паста за заби во која додала брашно, белка и изрендана краставица, па сето тоа го намачкала преку градите.

Сепак, познати дерматолози предупредуваат дека ова не би требало да го правите дома. „Ова е апсурдно. Ниедна од тие состојки не може да го зголеми ткивото на дојката или да ја затегне лабавата кожа“, изјавила дерматологот Бард.

Апсурдно или не, видеото досега е прегледано повеќе од 270 илјади пати, па веруваме дека треба да го погледнете и вие.

Прегледи:
505
Објавено на:
05.03.2019