Изминатиов период во Бигорскиот манастир, изработен е нов видео запис за првата великопосна песна (каланда) со наслов “Сега е Свет и Велик Пост“.
-Она што е најинтересно е тоа дека овој видео спот преку своето сценарио раскажува една несекојдневна приказна, блиска до мијачките обичаи, со која веруваме ќе се гордее целиот православен народ од нашата земја, а особено Мијаците, односно сите оние кои живеат или потекнуваат од познатиот мијачки крај.
Песната во спотот ја изведува верниот чувар на нашата културна традиција, Ансамблот „Македонија“, велат од Бигорскиот манастир.