Категории

Зошто златото е скапоцено?

Човекот отсекогаш сметал дека златото е нешто скапоцено. Тоа веројатно билo и првиот метал со кој човекот се запознал.

Примитивниот човек златото го привлекувало и затоа што може да се најде во слободна состојба, односно во мали парчиња (наречени „грутки“), непомешано со други метали и карпи. Бидејќи златото е жолто и сјајно, човекот дури и во најдамнешните времиња сакал да го поседува. Кога луѓето сфатиле дека златото од сите метали се обработува најлесно, му пораснала вредноста. Грутка злато лесно може да се истенчи, а доволно е еластично за да се свиткува и да не се крши. Тоа значи дека човекот одамна можел да го обработува како што сакал. Количеството на злато што лесно може да се добие од земјата е мошне ограничено. Затоа луѓето,кои што не можеле да најдат злато, нуделе други предмети во замена за него. Така златото станало средство за размена. Додека другите предмети пропаѓале, златото останувало исто,па така станало средство со кое вредноста се чувала за иднината, како и мерило за вредноста.

Подоцна од златото се ковале пари како погоден начин за изразување на тежината и нежноста на овој метал, а со тоа и неговата вредност. Потоа, банкарите златото го држеле во сефови, поради сигурност, а давале писмени гаранции дека по барање ќе дадат определено количество злато. Од оваа практика се развил обичајот да се печатат пари, кои исто така претставуваат гаранција дека по барање на имателот ќе му издадат определено количество злато.

Прегледи:
463
Објавено на:
16.03.2019