Категории

#365среќа Сања Зафировска: „4 години најпосакуваните јадења до вашиот дом со само еден клик“

Кога имате одлична визија и идеја за она што сакате да го постигнете не постојат граници и препреки. Доказ за тоа е компанијата Кликни Јади која оваа година го слави својот 4. роденден. Кликни Јади со своето работење создаде нов тренд кај нас, правејќи го изборот на омилената храна едноставно решение со само еден клик до посакуваниот оброк.

Оваа компанија секојдневно се грижи за доставата на храна кај голем број граѓани, успешно соработувајќи со угостителските објекти низ Скопје. За идејата на овој бизнис, почетоците, успесите и идните планови, во ова издание на #365среќа разговараме со Сања Зафировска, менаџер во Кликни Јади.

1. Кликни Јади веќе 4 години успешно соработува со поголемиот дел од угостителските објекти низ Скопје доставувајќи ја нивната храна до домовите и работните места на граѓаните. Од каде идејата за ваков бизнис?

Главниот „виновник“ и креатор на целиот проект е сопственикот на Кликни Јади, Никола Димовски кој поаѓајќи од својата лична потреба да може да го нарача посакуваното јадење од било кој ресторан во Скопје и да му биде доставено до врата, сфатил дека токму тоа му недостасува на градот. Започнувајќи го бизнисот скромно во соработка со неколку ресторани и само 2 моторчиња, денес Кликни Јади соработува со над 100 ресторани, има над 30 вработени и преку 35.000 регистрирани среќни корисници.

Низ годините ние како тим се усовршувавме во нашата работа, а резултат на тоа е прераснувањето на Кликни Јади во бренд и синоним за брза и ефикасна достава на посакуваната храна до домовите и работните места на граѓаните на Скопје. Нашата веб страница на која се наоѓаат мениата на сите угостителски објекти со кои соработуваме, секојдневно е посетувана од страна на голем број луѓе кои имаат задача само да го изберат своето јадење, а за сѐ останато се грижиме ние.

2. Во вашиот бизнис секој ден е приказна за себе и сигурно сте сведоци на многубројни непредвидени ситуации. Може ли да не издвоиш некоја интересна случка?

Поради природата на нашиот бизнис, секојдневно се случуваат многу непредвидливи ситуации. Би можела да издвојам и да споделам со вас една позитвина и една негативна случка. Еден од нашите лојални корисници, најпознатото лево крило на РК Вардар, Тимур Дибиров, како благодарност за секојдневната брза и ефикасна испорака на неговиот омилен оброк му подари дрес на нашиот доставувач, покажувајќи ја уште еднаш својата „големина“, а воедно предизвикувајќи неизмерна среќа кај нашиот доставувач. За разлика од оваа ситуација, постои и една негативна, а воедно и смешна ситуација кога чивавата на еден од нашите познати кошаркари го загриза нашиот доставувач при испораката, но за среќа тоа заврши без последици :)


3. Она што е особено интересно и вредно да се спомене е вашиот нов концепт на доставување на храна со велосипеди кој ќе се спроведе во наредниов период. Зошто се решивте на ваков чекор и кои се предностите на достава на храна со велосипед?

Идејата дојде спонтано со оглед на сериозната потреба за подигнување на свеста кај граѓаните на Скопје за последиците од загадувањето, како и големиот сообраќаен метеж кој секојдневно се создава на нашите улици, а сите знаеме дека со возењето велосипед лесно се избегнуваат гужвите и побргу се стига до посакуваната дестинација. Пролетта е одлично време да се започне оваа мисија поради временските услови кои го дозволуваат тоа, а граѓаните и понатаму ќе добиваат брза и ефикасна услуга од страна на Кликни Јади.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Klikni Jadi (@kliknijadi) on


4. Среќата секој од нас ја доживува и толкува на различен начин. Што претставува среќа за тебе?

Среќата за мене е емоција без која не можам да си го замислам секојдневието. Со неа се среќавам секојдневно како во приватниот живот, така и на работното место. Секојдневната комуникација со луѓето, вниманието и љубовта од најблиските, споделувањето на моменти со драги луѓе, сето тоа кај мене предизвикува чувство на среќа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Klikni Jadi (@kliknijadi) on


5. Што може да очекуваат во иднина граѓаните на Скопје кои редовно го нарачуваат својот оброк преку Кликни Јади?

Она што со сигурност можеме да го ветиме е дека и понатаму од нас може да очекуваат квалитет, брза достава и флексибилност, но исто така ќе продолжиме со проширување на асортиманот како што веќе започнавме со пијалаци и суплементи (додатоци во исхрана). Неодамна започнавме и со доставување на храната од омилениот ресторан до игротеки при прославувањето на среќните моменти на најмладите, како и одличната понуда за корпоративна зделка при достава на храна на работното место каде што имаат можност за плаќање со фактура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Klikni Jadi (@kliknijadi) on


Следуваат и голем број на проекти за кои ќе зборуваме понатаму. Она што е најважно е дека ние не запираме овде и во иднина ќе се трудиме да ги задоволиме потребите на клиентите нудејќи многу новитети. Следете нѐ и понатаму на социјалните мрежи, како и на нашата веб страна и уживајте во омилената храна без грижи и со само еден клик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Klikni Jadi (@kliknijadi) on

Прегледи:
1333
Објавено на:
18.03.2019