Цвеќињата се украсот на секој двор, на секој балкон. Нивната форма, цветот и бојата ги прават посебни. Доколку забележите дека полека венеат и веќе го немаат истиот сјај од претходно, подгответе ја оваа смеса која на природен начин ќе им даде сила и ќе ја врати нивната убавина.
Потребни состојки:
- една кора од банана
- лажица мелено кафе
- лушпа од едно јајце
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и прелијте ги со топла вода. Изблендирајте. Со лажица ставајте на цвеќињата од добиената смеса. Очекувајте повторен сјај.