Месецот март е месец на жената. Во овој женски месец прочитајте ги некои од најубавите цитати кои и се посветени токму на неа.
1. Кога не би била жената, дијамантот би бил само еден обичен камен. Виктор Иго
2. Најдобрите меѓу вас се тие кои се однесуваат најдобро кон својата жена. Мухамед
3. Жената е единствената работа од која се плашам, а која знам дека нема да ме повреди. Абрахам Линколн
4. Убава е секоја жена, освен таа која мисли дека не е и таа која мисли дека е. Јован Дучиќ
5. Жената стои, како капија, на излезот како и на влезот на овој свет. Иво Андриќ
6. Убавите жени се создадени за мажите кои немаат фантазија, а паметните за тие кои немаат среќа. Казанова
7. На ружите им е потребно сонце, а на жените – љубов. Ли Таи По
8. Животот на мажите е славата, а животот на жените – љубовта. Оноре де Балзак
9. Жените не се создадени за да се разберат, туку за да се сакаат. Дороти Паркер
10. Убавата жена им се допаѓа на очите, добрата жена му се допаѓа на срцето. Првата е скапоцен камен, а другата – ризница. Наполеон Бонапарта