Се ближи 1 ви Април, се ближи маскенбал, продавниците се полни со готови маски, ама дали ќе бидат полни албумите со спомени како што се тие од вашето детство. Да не дозволиме индустријата се повеќе да ги скратува моментите што ги минуваме со децата, да се вратиме во времето кога сите заедно лепевме и сецкавме, кога си разговаравме за желбите, омилените јунаци и идоли.
Токму со таа идеа и цел ИКМ организира работилница за изработување маски, а водилка во ова прекрасно доживување ќе биде русинката Олга Селивон. На работилницата ќе ви бидат обезбедени најразлични материјали за рачни изработки (лепила, ткаенини, конци, монистри, филц, украсни додатоци), а од вас ќе биде потребна само желба и ентузијазам да поминете едно прекрасно попладне со вашето дете.
Работилницата ќе се одржи на 29 Март од 17:00 до 19:00.
Цена за учество е 1000 денари и со тоа добивате:
-материјали
-маската што ќе ја изработите
-освежување.
Пријавување на [email protected]
Секоја изработена маска со сигурност ја добива првата награда-радост и дружење
Не пропуштајте да поминете време со фантазијата и креативноста на вашето дете, тоа време е неповратно.