Категории

Хроничниот замор е запишан во гените

Секој човек има различно ниво на активност на гените кои се поврзани со способноста на телото да се прилагоди на стрес и на тој начин да ја избегне појавата на хроничен замор.

Теоријата дека хроничниот замор го предизвикуваат некои вируси веќе е неприфатлива. Хроничниот замор кој трае најмалку шест месеци, пратен со главоболка, проблеми со помнењето и концентрацијата, како и болки во мускулите нема поврзаност со недостаток на имунитетот. Заморот е поврзан со одредени гени кои се „конектирани“ со деловите на мозокот кои го регулираат одговорот на стрес, тврдат научниците од Американскиот Центар за контрола и превенција на болести. Синдромот на хроничен замор е запишан во гените и има јасна биолошка основа, истакнува Д-р Вилиам Рис, раководителот на истражувањето.

-Докажавме дека секој човек има различни нивоа на активност на гените кои се поврзани со способноста на телото да се прилагоди на стресот и на тој начин да ја избегне појавата на хроничен замор. Така ја отфрливме теоријата дека поедини вируси доведуваат до сидромот на хроничен замор- објаснува D-r Dzuli Gerberding-директорка на центарот.

Прегледи:
529
Објавено на:
22.03.2019