Има многу видови на саксиски цвеќиња, а меѓу сите нив, фикусот е водечка причина за алергии. Предизвикува воспаление на слузокожата на носот, а понекогаш може да доведе и до појава на астма. Тие кои се склони кон алергија се жалат на чешање, течење на носoт и кашлица, но тешко можат да поверуваат дека причината за нивните симптоми е украсното цвеќе кое го имаат во своите домови- фикусот.
Состојбата може да се влоши при негово пресадување и негување. Алергените се поизразени кога се здружени со домашната прашина, затоа што тогаш се разнесуваат низ целата просторија. Можат да се најдат на подот, завесите, мебелот…
Се задржуваат долго, дури и после отстранувањето на цвеќето од домот. Ако се докаже дека некој е алергичен на фикус, најверојатно е дека е алергичен и на другите цвеќиња од истата група.