Оваа година бојадисајте ги велигденските јајца на поинаков начин и израдувајте ги најблиските!
Потребни состојки:
- јајца
- бело вино
- црно вино
- кора од кромид
- најлон чорапи
- сол
- оцет
- масло
- бои за јајца
Прва техника – фарбање јајца со вино
Во сад ставете ги јајцата и прелијте ги со бело вино така што ќе бидат покриени. Во друг сад ставете јајца кои ќе ги прелиете со црно вино.
Оставете ги така десетина минути за да се изедначи температурата на виното и јајцата. Ставете ги јајцата да се варат 15 минути. Кога ќе ги сварите оставете ги во виното во текот на ноќта.
Другиот ден извадете ги од виното. Оставете ги 10-15 минути да се исушат.
Втора техника – фарбање јајца со кора од кромид и лук
Земете кори од црвен кромид и лук и искршете ги со раце. Јајцето потопете го во вода и на него залепете ги корите. Јајцето ставете го во најлон од чорапа и заврзете ја. Повторете ја постапката со сите јајца па на крај ставете ги во лонец и прелијте ги со вода, посолите и ставете да се варат 20-25 минути. Вадете ги јајцата од лонецот и оставете ги да се оладат.
Кога јајцата ќе се оладат, ставете вода да се вари и во неа додадете портокалова боја. Варете ги јајцата десетина минути, со се чорапата па извадете ги да се оладат. Во истиот лонец додадете вордо боја и лажичка оцет и ставете ги остатокот од јајцата да се варат на ист начин. Кога јајцата ќе бидат потполно оладени, извадете ги од чорапата, извадете ги и лушпите и премачкајте ги со масло.
Трета техника – фарбање јајца на пареа
Ставете вода во лонец, додадете малку сол и ставете да се вари. Кога ќе се загрее водата додадете ги јајцата во неа и варете 20-25 минути. Варените јајца извадете ги од вода. Ставете повторно вода во лонецот и земете цедалка. Варените јајца ставете ги во оцет па ставете ги во цедалката која се наоѓа на лонецот кој е на шпорет. Мокрете ги јајцата со оцет цело време.
Капнувајте различни нијанси на бои на јајцата, паа повторно попрскајте ги со малку оцет. Поклопете и оставете да се вари, внимавајќи цедалкатаа да не дојде во допир со вода. Од време на време тргајте го капакот и попрскајте ги јајцата со оцет и боја.
Другиот начин е да ги ставите јајцата во оцет и да ги испрскате со боја во прав. Остатокот од подготовката е ист. Кога ќе се оладат премачкајте ги со масло.