Категории

Бритни Спирс се наоѓа во установа за ментално здравје поради големиот стрес од болеста на татко и

Бритни Спирс минатата недела се пријавила во установа за ментално здравје, каде што ќе престојува 30 денови.

Познатата ѕвезда се одлучила на овој мудар избор за да го стави своето ментално здравје на прво место, бидејќи тековните здравствени проблеми на нејзиниот татко влијаат врз целото семејството Спирс. Нејзиниот татко, Џејми Спирс, беше дијагностициран со спонтатна руптура на дебелото црево кон крајот на минатата година и помина низ две операции. Последната операција беше проследена со компликации.

 

View this post on Instagram

 

I don’t even know where to start with this, because this is so tough for me to say. I will not be performing my new show Domination. I’ve been looking forward to this show and seeing all of you this year, so doing this breaks my heart. However, it’s important to always put your family first… and that’s the decision I had to make. A couple of months ago, my father was hospitalized and almost died. We’re all so grateful that he came out of it alive, but he still has a long road ahead of him. I had to make the difficult decision to put my full focus and energy on my family at this time. I hope you all can understand. More information on ticket refunds is available on britneyspears.com. I appreciate your prayers and support for my family during this time. Thank you, and love you all… always.

A post shared by Britney Spears (@britneyspears) on

Таа ги откажа своите изведби во Лас Вегас за да му помогне на својот татко да се избори со болеста. Во јануари, на својот Инстаграм профил таа напиша:

„Дури и не знам од каде да почнам, бидејќи тоа е толку тешко за мене. Јас нема да го изведам моето ново шоу Доминација. Со нетрпение го очекував ова шоу и средбата со сите вас оваа година, така што ова го крши моето срце. Сепак, важно е секогаш да го ставите вашето семејство на прво место… и тоа е одлуката што морав да ја направам. Пред неколку месеци, татко ми беше хоспитализиран и речиси умре. Ние сме толку благодарни што остана жив, но тој сé уште има долг пат пред себе. Морав да ја донесам тешката одлука за да се фокусирам на мојата фамилија во моментов.“

За жал, изгледа дека здравјето на нејзиниот татко сѐ уште не е подобрено, затоа Бритни одлучи за одвои време за себе и своето ментално здравје. За таа цел, таа уште еднаш се огласи преку својот Инстаграм профил споделувајќи порака за менталното здравје со фановите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears) on

Прегледи:
599
Објавено на:
04.04.2019