Категории

Луѓето кои читаат книги живеат подолго?

Според новата студија објавена во списанието „Social Science and Medicine“ луѓето кои читаат книги живеат подолго од луѓето кои не го практикуваат тоа.

 

 

Истражувачите од Универзитетот „Yale“ тестирале 3 635 учесници постари од 50 години. Тие ги анализирале нивните навики за читање. Испитаниците ги поделиле во 3 групи- тие кои не читаат, луѓе кои читаат помалку од 3.5 часа неделно и луѓе кои читаат повеќе од 3.5 часа неделно.
Секоја група била следена во текот на 12 години.


Во текот на истражувањето е забележано дека луѓето кои биле во 2-те групи кои читаат- живееле подолго.
Тие кои читале повеќе од 3.5 часа неделно живееле 23 месеци подолго од луѓето кои воопшто не читале. Тој продолжен животен век е забележан кај сите испитаници, без разлика на нивната финансиска состојба, степенот на образование или здравствената состојба.
Според тоа, истражувачите донеле заклучок дека животниот век може да се продолжи со едноставна активност како што е читањето.


Како што појаснуваат стручните лица, читањето вклучува 2 когнитивни процеси- длабоко читање и емоционална врска. Длабокото читање е бавен процес во кој читателот се обидува да ја разбере книгата во свој контекст и во контекст на надворешниот свет. Додека, емоционалната врска е местото каде читателот сочувствува со ликовите, ја подобрува перцепцијата и емоционалната интелигенција.