Дејвид Боуви на 8. јануари 2016. го прослави својот 69. роденден и во таа прилика го објави последниот албум „Blackstar“. Два дена подоцна, светот остана шокиран од веста дека легендарниот музичар го напушти овој свет губејќи ја битката со карциномот.
Тој последната година и пол ја држеше во тајност информацијата дека боледува од рак, а битката со опаката болест ја изгуби на 10. јануари. Почина во мир, во кругот на семејството. Последните месеци од животот, дејвид живееше во Њујорк со сопругата Иман и ќерката Лекси.
Боуви ќе биде запомнет како еден од највлијателните уметници и основач на глам рокот. Со своите единствени трансформации имаше големо влијание во музиката, како и во модниот свет оставајќи голем впечаток при секое јавно појавување. Токму поради тоа, во негова чест се потсетуваме на некои од неговите најдобри цитати по кои ќе остане запаметен.
Јас сум инстант ѕвезда. Само додадете вода и промешајте.
Сакам музиката да ги буди духовите во мене. Не демоните, сфатете, духовите.
Секогаш се вчудоневидувам кога луѓето ме сфаќаат сериозно. Дури ни јас самиот себеси не се сфаќам сериозно.
Вистината е дека нема патишта. Сите стигнуваме и одиме во исто време.
Не знам каде ќе ме однесе патот, но едно ветувам – нема да биде здодевно.
Некогаш интерпретациите на моите песни се многу поинтересни од она што сум го измислил. Тоа искрено го мислам.
Не сакам да бидам скромен. Постојат само неколку исклучоци од ова правило – најголемиот број на музичари со кои сум работел, своите најдобри песни ги направија со мене.
Имам некој кој ме сака поради мене. И тоа навистина помага.
Утре им припаѓа на оние кои го слушаат како доаѓа.
Кога ќе слушнете „рок ѕвезда оженета со супермодел“, помислувате како е тоа сигурно една од најдобрите работи во светот. И навистина е така.
Да знаете што се случува во светот е ужасно.
Во акордите и мелодиите, се наоѓа сѐ што сакам да кажам. Зборовите само ги пратат.
Кога стареете, сите прашања се сведуваат само на две. Колку ми остана и што ќе правам за тоа време.
Религијата е за оние кои се плашат да одат во пеколот, духовноста е за оние кои веќе биле таму.
Најголемата работа која некогаш ќе ја научите е тоа да сакате, и некој за возврат да ве сака.