Над десетина илјади туристи ја посетуваат и се фотографираат на прочуената Црвена плажа. Но, всушност воопшто не станува збор за плажа, а тоа е факт кој ова место го прави уште поатрактивно и поинтересно!
Станува збор за најголемото влажно земјиште каде што се одгледуваат билки во црвена боја кои на посетителите им создаваат илузија дека се наоѓаат на црвена плажа.
View this post on Instagram
Ова посебно место се наоѓа во заштитена зона во кинеската провинција Лиаонинг и се простира на повеќе од 13.300 хектари.
View this post on Instagram
На него се одгледува билката Chenopodiaceae, позната како Суаеда салса, која има силна црвена боја во текот на пролетта. Како поминува времето станува темно црвена и на крај, кога доаѓа есента, виолетова. Кога доаѓа зимата, билките изумираат, но со пролетта повторно се враќаат во живот.