Категории

Во текот на емисија, отворен саркофаг на египетски свештеник стар 2.500 години! (ВИДЕО)

Саркофаг на египетски свештеник стар повеќе од 2.500 години е отворен во тек на емисија во живо, емитувана на каналот Discovery.

Египетскиот археолог Zahi Hawass и неговата екипа со помош на вештачко осветлување и присуство на камера отворија 3 саркофага.

Истражувачите застанаа кога го отворија третиот саркофаг, многу поголем од останатите, во кој се наоѓа мумифицираното тело на свештеникот на египетскиот бог Теут.

„Тој човек бил како крал“, истакна Zahi Hawass, додавајќи дека мумијата е многу подобро сочувана со недопрени и најквалитетни траки за балсамирање на телото, за разлика од мумиите во другите 2 саркофага.

Гробницата се наоѓа во градот Минија, долж реката Нил, јужно од Каиро.

Прегледи:
664
Објавено на:
12.04.2019