Категории

Животна приказна која ќе ве расплаче: Дете пишува домашна под светлината на бандера! (ВИДЕО)

Ова е тажната животна приказна на 12-годишното момче од Перу кое е принудено да ја пишува својата домашна работа под светлината на бандерата бидејќи во домот нема струја.

Полицијата од местото Моче на безбедносните камери забележало момче кое во три часот ноќе на пустата улица чита и пишува под бандера. Но, кога зумирале, увиделе дека детето пишува домашна работа. Полицијата снимката ја сподели на социјалните мрежи, по што медиумите ја објавија приказната за малото момче.

Виктор Мартин ретко кога дома успевал да научи и да напише домашна работа, бидејќи морал да учи на свеќа. Родителите се толку сиромашни што немале пари за да платат за струја. Затоа, малиот Виктор решил да учи под светлоста на уличното осветление. Учел ноќе зашто по часовите морал да помага дома и да ги чува домашните животни.

Прегледи:
646
Објавено на:
15.04.2019