Категории

Компир со тиквици во прелив од шампињони: Вкусно посно јадење! (РЕЦЕПТ)

Здраво и посно јадење за целото семејство!

Состојки:

  • 600 гр компир
  • 1 морков
  • 2 помали тиквици
  • 1 главица кромид
  • 1 домат
  • лук во гранули
  • 3 лажици пченкарно брашно
  • 2 лажици гриз, зачин, сол, бибер, лута пиперка,малку слатка пиперка, лист од магдонос, кесичка супа од печурки.

Подготовка:

Компирот, тиквиците и морковот исчистете ги и исечкајте ги на кругови. Кромидот и доматот исечкајте ги исто така на кругови. Во компирот, морковот и тикцивите додадете бибер, пиперка, лук, масло и пченкарно брашно и гриз и измешајте.

Плехот подмачкајте го и поредете ги компирите во него. Додадете го кромидот и доматот па ставете ги помеѓу компирите.

Кесичката супа од печурки изматете ја во млака вода околу 250 мл и прелијте ја преку компирите. Печете на 220 степени Целзиусови околу 40 минути.

Прегледи:
1312
Објавено на:
16.04.2019