Категории

Идеи за декорирање на велигденски јајца и предлог природни бои (фото+видео)

Наскоро христијанските верници ќе го слават Велигден. На овој голем христијански празник посебен белег му даваат и велигденските јајца. Ако се уште немате идеја како да ги подготвите оваа година, погледнете ги овие интересни, а сепак едноставни идеји.

Покрај вештачките бои кои се користат, бојадисувањето на јајцата може да биде и со природни бои. Нијансите ќе бидат побледи во однос на нијансите што се добиваат при користење на вештачки бои, но оригиналноста ќе биде во прв план.

Жолта боја- можете да ја добиете ако сварите јајца со цветови од камилица, листови бреза, кора од лимон или портокал.
Црвена боја-можете да користите сок од цвекло или да сварите јајца со смрзнати малини, капини или брусница.
Црвената зелка исто така е добар избор за бојадисување јајца- сварете ги листовите и во врела вода потопете ги јајцата- колку подолго ги држите, нијансата ќе биде потемна.
За јајцата да ја примат бојата во водата додадете јаболков оцет.

Во прилог можете да погледнете некои идеји за декорирање на велигденските јајца:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Crafty Panda (@craftypanda) on

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madame Chocolat (@madamechocolatrd) on

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ali Manno (Fedotowsky) (@alifedotowsky) on

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Αλεξάνδρα Παπαντ. (@alexandra_papant) on

 

Прегледи:
1089
Објавено на:
19.04.2019